Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денеска ќе потпише меморандум за соработка со директорот на Центарот за проценка на ризик во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика од Република Бугарија, Георги Георгиев.
Пред потпишувањето на меморандумот, претставници на Агенцијата за храна предводени од директорот Атанасов, ќе одржат билатерален состанок со делегација од бугарскиот Центар за проценка на ризик.