Концептот на критична инфраструктура прв пат во новиот Закон за одбрана

Новиот закон за одбрана, кој се очекува денеска да биде потврден од Владата и потоа да влезе во собраниска процедура, прв пат го содржи во себе и концептот  на критична инфраструктура, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на конференцијата „Критична инфраструктура – Концепт и безбедностни предизвици“, што се одржа во Скопје во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

Министерството за одбрана и претходно имало искуство со заштитни мерки на критичната инфраструктура, што биле интегрирани во поранешниот план за одбрана, но новите безбедносни предизвици комплетно го видеоизмениле  контекстот во кој се дејствува.

Шекеринска информира дека е формирана работна група за критична инфраструктура, која предложила дефиниција што се би спаѓало во  оваа категорија на одбранбениот сектор. Шекеринска нагласи дека се посочени објекти, субјекти, кои се со висока важност  за функционирање на вооружените сили и одбраната.

– Нашата работна група работи на идентификација на вистинските сектори на критичната  инфраструктура како што се хемиски, телекомуникациски, производствени, здравствени, енергетски  прехранбени, транспортни, водоснабдувани  итн. Ако  погледнете на пример што прават на оваа тема поранешните, сегашните, најголемите членки на Алијансата ќе видите дека ова е една од најважните  прашања коишто ги таргетираат. Создадоа и нови институции  кои целосно се посветуваа  на критичната инфраструктура, рече таа.

Како пример ги посочи САД, каде 16 области се сметаат како  дел од критичната инфраструктура, а и изборната инфраструктура се смета како критична, која може да биде таргетирана од  други земји и  да ја загрози безбедноста на државата.

Кога нападите веќе не се случуваат со конвенционално и со класично оружје, туку по постифициран информатички киберпат, нагласи таа, заштитата и безбедноста на критичната  инфраструктура  е највисок национален приоритет и една од основните задачи  во концептот на колективна безбедност кон коишто се приклучуваме  со нашето членство во НАТО.

Некои од приватните компании, посочи таа, се отидени неколку чекори напред и затоа е неопходна синергија.

-Не можат приватните компании па дури без разлика дали се или јавните претпријатија што  се државни сами да обезбедат сигурна критична  инфраструктура . Потребна е синергија помеѓу државните  институции помеѓу приватниот сектор за да тоа го гарантираат. Заедно со Агенцијата за електронски комуникации  изведовме дури и една вежба  за справување со кибер напади  врз критичната инфраструктура и наодите од оваа вежба  ги вградуваме како дел од нашите  процедури, како дел од нашите  правила на игра, рече таа.

Истакна дека пред помалку од една година  е донесена одлука да учествуваме во оценката која што ЕК ја понуди на земјите од  Западниот Балкан за отпорност кон хибридните закани.

– Ни треба дефинирање  во многу од овие сфери  на улогите на задачите на секоја институција,  меѓутоа ни треба и силно  институционално засилување. Без академската заедница мислам дека оваа работа што е неколку чекори понапред од нашето редовно третирање на одбраната ќе биде невозможна, рече министерката.

Шекеринска напомена дека со нашиот дефинитивен влез во  НАТО како полноправна членка,  стануваме играч не само  во регионот, туку и многу пошироко.

– Како членка на Алијансата стануваме  безбедносен фактор кој ќе придонесе за натамошна  стабилизација на регионот, но само доколку ги обезбеди истите стандарди  истите приоритети, истите правила на игра како и Алијансата. Затоа нашата одговорност од сега па натаму  е навистина поголема, рече таа.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред присутните нагласи дека проблематиката на безбедноста во изминатите години ги надмина сите рамки на дефинициите за своите цели и задачи, ширејќи се на сите подрачја на општествените интереси.

Додаде дека заштитата на критичната инфраструктура во модерните демократии и општества претставува еден од основните стратешки и демократски предизвици на институциите на системот. Појасни дека без разлика на различните дефиниции во различни земји под критична инфраструктура се подразбиа се она што е  од витално значење за фиункционирањето на едно општество.

– Како земја кандидат за членка во ЕУ и скорешна идна полноправна членка на НАТО има одредени законски репери, како, на кој начин и во која мера се одвива институционалната заштита на критчната инфраструктура, рече Спасовски и додаде дека притоа треба да се води сметка за хармонизација со европското законодавство, но и почитување на нашите принципи во безбедносната политика.

Истакна дека во контекст на нашите општествени приоритети за динамично интегрирање во евроатлантските инфраструктури почнат е процес на законско и институционално регулирање на овој сегмент од областа на безбедноста, што подразбира проценка на анализирање, дефинирање и заштита на критичната инфраструктура.

-Тоа е ургентно прашање од примарно значење и кон него мора да се пристапи експертски стручно, професионално, прецизно и стратешки долгорочно, додаде министерот за внатрешни работи.

Во план е изработка на стратешка рамка за обезбедување на успешно функционирање на системот за соработка и координација на сите чинители во заштитата на критичната инфраструктура. Во тој процес ќе се направи и дефинирање на објектите кои спаѓаат во категоријата на критична инфраструктура, мерките за нивната безбедност, како и обврските и одговорностите за заштита.

Според Јонас Јохансон, од Лунд Универзитетот во Шведска потребно е да се зголемат сфаќањата за поврзаноста на инфраструкутрата и на касадните ефекти и последиците по општеството и за меѓузависнота на инфраструктурата, како и истражувањата за тоа како да се управуваат секторите за критичната инфраструктура односно за воспоставување меѓусекторска регулатива.

– За да се достигнат целите треба да се има систем за донесување одлуки и да се воспостави меѓудружавен центар за анализа за поддршка на напорите поврзани за потребите на концептот за критична инфраструктура, рече Јохансон, истакнувајќи дека потребно е сето тоа да се адаптира на постоечките законски регулативи.

За Роберто Сетола од Универзитетот Кампус Био-Медико во Рим, Италија, се користат и киберстратегии за да создаде проблеми во критичната инфраструтура и тоа, подвлече, навистина се случува.

– НАТО треба да зборува за тоа како можните кибернапади кон критичната инфраструктура треба да бидат адресирани. Единствениот елемент кој не се менува е елементот за заштита на критичната инфраструктура односно колку повеќе треба да се справуваме со софистицарните закани, толку повеќе има потреба да разменуваме информации и да соработуваме, рече Сетола.

Во име на академската заедница на конференцијата се обрати и Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методи“ Никола Јанкуловски, кој меѓу другото  посочи дека незапирливо се следат, применуваат и надградуваат современите научни сознанија и достигнувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *