Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе престојува во официјална посета на Софија, Република Бугарија.
При посетата, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе оствари билатерални средби со министерот за економија Емил Караниколов, министерката за енергетика Теменужка Петкова и министерката за туризам Николина Ангелкова.