Мас: Одлуката на Бундестагот е важен сигнал

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на Бундестагот да даде зелено светло за старт на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ.

Мас оцени дека поддршката од германскиот Бундестаг за отворање на преговорите со Скопје и Тирана е  важен сигнал, пренесе Дојче веле.

– Одлуката го подвлекува значењето кое Западниот Балкан го има за ЕУ. Истовремено јасно се става до знаење дека реформите се ценат. Обете земји мораат да ги продолжат реформските напори, за да го продолжат патот кон ЕУ. Јас сум убеден дека условениот пристап на Бундестагот ќе убеди и други во ЕУ да го одобрат почетокот на преговорите, изјави германскиот министер за надвореш и работ Хајко Мас.