„Danke Deutschland“ – државниот врв се заблагодари за одлуката на Бундестагот

Државниот врв преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на германскиот Буднестаг кој вчера гласаше за отворање на преговорите на нашата држава со Европската унија.

Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Твитер профил се заблагодари за поддршката од Бундестагот.

– Danke Deutschland. Со големо мнозинство гласови „за“ пратениците во германскиот Бундестаг дадоа зелено светло за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, напиша Пендаровски на својот Твитер профил.

Премиерот Зоран Заев, кој е во Њујорк на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, на својот Фејсбук профил заблагодарувајќи му се на Бундестагот оцени дека ова е голем поттик да продолжиме да работиме уште повеќе.

– Вечерва добивме прекрасна вест од Берлин. Бундестагот со огромно мнозинство даде поддршка за ЕУ да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија. Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел, напиша Заев на Фејсбук.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој лично во Берлин ја слушна одлуката од Бундестагот, и се заблагодари на Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *