Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел ќе учествува на „Europa Connectivity Forum“ во организација на Европскиот центар за политички стратегии.
Форумот ќе го отворат претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.
Шекеринска ќе говори на панелот посветен на геополитиката на поврзаноста, соопшти Министерството за одбрана.
Форумот е организиран под покровителство на претседателот на Европската комисија, Жан – Клод Јункер и претставува меѓународен настан на кој ќе учествуваат високи претставници на европските и регионалните институции, влади, парламенти и бизнис заедницата.