Јубилеи – 75 години библиотека Струга и 60 години ЦК „Браќа Миладиновци“

Со изложба на фотографии од историјата на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ и библиотеката во Струга денеска почнува одбележувањето на двата јубилеја, 75 години библиотека Струга и 60 години Центар за култура.

Во рамките на активностите ќе биде промовирана книгата „Со знаење – до знаење“ од Мичо Јачев, а ќе се одржи и Саем на книга,каде љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да се сретнат и поразговараат со познати писатели.

Директорката на Центарот, Николина Велкоска Глигороска во изјава за МИА посочи дека во рамки на одбекежувањето на двата големи јибулеи во наредните денови ќе потсетат на богатата културна дејноист во Струга и плејадата културни дејци од овој град. За поголема промоција на културата и традицијата, според неа, во рамките на установата творат повеќе културни здруженија, а не изостануваат ниту активностите за збогатување на културниот жиовт на стружани.

– Постојано работиме на збогатување на културните активности, а доказ за тоа се и последните гостувања на филмови и театри од повеќе градови од Македонија. Изминативе години претставуваат голем и богат културен период, во кој голем дел од својот живот вградиле бројни имиња на стружани, кои со својата активност дале белег на целиот културен живот и со тоа Струга ја направија значаен културен центар, посочи Велкоска Глигороска.

Струшката бибилиотека е основана во 1944 година. Низ годините била преместувана во повеќе објекти, но на крај нејзиното постојано место е во рамките на Центарот за култура. Со библиотечниот попис во 2015 година, као што информира директорката, имало 81.365 книги, а денес фондот е околу 90.000 книги.

– Бројките покажуваат дека стружни имале всадена љубов кон пишаниот збор уште многу одамна. Токму затоа во рамките на библиотекарската дејност организираме многубројни активности, меѓу кои би ги споменала традиционалниот саем на книгата, промоции и афирмација на млади автори, како и дигитлизација на бибилиотечниот материја, додаде Велкоска Глигороска.

Центарот за култура „Браќа Миладиновси“  еформиран 15 години подоцна, и како што подвлече директорката, денес претставува центар на сите културни збиднувања и е спој на традиционалното и модерното време.