Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на официјализирање на компанијата Либерти Скопје

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе присуствува на официјализирање на компанијата Либерти Скопје.

Компанијата е поранешен „Арчелор Митал“ која стана дел од ГФГ Алијансата. Либерти Скопје е еден од најголемите производители на челик на Балканот и нуди производи за градежната и општата индустрија.

На настанот ќе присуствува и извршниот директор на ГФГ Алијансата Санџив Гупта.