Писмена реакција за позициите на Бугарија и Грција за датумот за преговори со ЕУ

Бугарија и Грција во пресрет на Европскиот Совет во октомври испраќаат исти пораки. Од една страна продаваат конструктивност, но од друга страна дефинираат уцени кон Македонија и инсистираат и Албанија да добие во пакет датум за преговори со ЕУ. Многу лукаво и опасно! Бугарската и Грчка дипломатија многу добро знаат дека Холандија и Франција имаат негативен став кон Албанија заради политичката криза. Бугарскиот Претседател, Румен Радев на средба со нивните претставници во мешовитата Комисија за ревидирање на историјата, соопши дека поддршката за Македонија за ЕУ не е безусловна, особено не на штета на Бугарската историја и идентитет. Се наsира повторно истата порака – или ќе признаете дека Гоце Делчев е Бугарин или ќе ве блокираме на патот кон ЕУ. Екатерина Захариева порача дека ќе биде историска грешка ако Македонија и Албанија бидат раздвоени. Претходно, портпаролот на Грчката Влада, Стелиос Пецас, брифираше дека не може да има раздвојување на интеграцијата во ЕУ на Македонија и Албанија. Истовремено, ги повтори претходните ставови на Мицотакис, Дендиас и Варвициотис дека Договорот Заев – Ципрас мора безусловно да се исполни и да се откажеме од иредентизмот.

 

Македонската Алијанса го поздравува ставот на специјалниот претставник на Државниот Секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој соопшти дека на Европските партнери им пренел дека отпочнувањето на преговори на Македонија со ЕУ ќе биде корисно. Уште една потврда дека САД се нашиот најголем поддржувач!

 

ШАРЕНА ЛАГА Е ДЕКА ПРЕДАВСТВАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА ГО БЕТОНИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! 

 

Постојано предупредуваме дека Грција и Бугарија никогаш нема да се откажат од идиотското тврдење дека Македонската нација е вештачка творба на Тито формирана во 1944 година. Нивното држење до тие дрски лаги е обид за одбрана на историската неправда која и е нанесена на Македонија со Букурешкиот Договор во 1913. Немакедонската Влада ќе сноси тешка политичка одговорност за предавствата кои ги направи а кои предизвикуваат тешки последици. 

 

КОЈ МУ ДАВА ПРАВО НА РАДЕВ ДА СЕ МЕША ВО НАШАТА ИСТОРИЈА И ДА ВРШИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА? ОВА ЛИ СЕ ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ? ВАКА ЛИ ЗАСЛУЖИЈА ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕУ? БУГАРСКИОТ ИРЕДЕНТИЗАМ НЕМА ДА УСПЕЕ! И ВРАПЧИЊАТА ЗНААТ ДЕКА ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИ! БУГАРИЈА НЕКА ГО ВРАТИ НАЗАД ТОА ШТО Е НАШЕ, ПА ПОСЛЕ ЌЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ИСТОРИЈА!

 

ПОЛЕКА ЌЕ СЕ УВЕРИТЕ ДЕКА ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕМА ДРУГ ПАТ! ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА И ВРАЌАЊЕ НА СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА