Во велешкиот театар почнаа подготовките за нова премиера „Слуга на двајца господари“

  Во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ неделава започнаа подготоките за новата премиера претставата „Слуга двајца господари“ по текст на Карло Голдани во адаптација и режија на Ненад Витанов. Во претставата настапува скоро целокупниот артистички  ансамбл на театарот, а премиерата ќе биде изведена до крајот на октомври.

Како што информира в.д  дирекотот Александар Ивановски оваа, како и претставата  „Одам на лов“ која беше прикажана изминатата сабота, се работат со средства од Министерството за култура.

Инаку од средства на буџетот на театарот до крајот на годинава ќе бидат подготвени уште две премиери: „Сестрите Брозорови“ во режија на Васил Зафирчев која ќе биде изведена до крајот на ноември и претставата „Сара“ по текст на Катерина Момева, а во режија на Елеонора Теова, а ќе биде изведена во декември.  
Инаку, во рамките на МОТ фестивалот од Скопје, а на сцената на велешкиот театар утревечер во 20 часот ќе биде прикажана претставата „Злосторство на 21 век“ во режија на Владимир Милчин. Истата престава ќе биде прикажана и на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ што од 4 до 11 ноември ќе се одржи во Тетово.

 

Велешкиот театарски ансамбл на 5 октомври ќе учествува на Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово, а со најновата премиера „Одам на лов“ во режија на Деан Дамјановски.