Поранешниот рекет број еден во светот, србинот Новак Ѓоковиќ, изненадувачки е елиминиран во осминафиналето од првиот “Грен Слем” тунир годинава, “Австралија Опен”. Победник со убедливи 3-0 беше Јужнокореанецот Хајен Чунг. Според изјавата на Ѓоковиќ по натпреварот, фрустрирачки за него е што паузата од шест месеци поради повреда на лактот на раката била попуста, поради тоа што сеуште чувствува болка.
-Не е добро. При крајот на првиот сет почнав да чувствувам болка во лакотот, која стануваше се посилна. Болката не бече со силен интензитет за да морам да го предадам мечот, но беше доволно голема за да не можам да одиграм максимално. Земав голема пауза за да ја санирам повредата, но попусто. Сега повторно со мојот лекарски тим ќе мора да видам што понатаму-изјави Ѓоковиќ по елиминацијата.