Потребно е да се спроведе процес на враќање на довербата меѓу пациените и здравствените работници, да се упати порака дека со насилство не се решаваат работите, истакна министерот за здравство Венко Филипче кој денеска присуствуваше на протетсот против масислтвото врз здравствените работници.
– Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака кон здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени парични, но и затворски казни. Преземавме конкретни мерки со МВР, ќе има мобилна патрола во регионот на стра градска болница, каде се случуваат најголем број инциденти, но и други места каде се третираат голем број пациенти, рече Филипче.
Најави и дополнителни мерки кои ќе го унапредат статусот на здравствените работници, преку зголемување на плати, дежурства, услови во кои работат здравствените работници.
– Моето присуство овде е поддршка, затоа што ова е нешто што се случува со години наназад. Обезбедувањето треба да биде професионално. Минатата година година имавме обиди да обезбедиме некаква форма на професионално обезбедување со оглед на тоа дека обидите да се искористат вработебни од јавниот сектор беа неупсешни заради администравни пречки, сега се решивме за професионално обезбедување, рече Филипче.