Причина за досегашното слабо присуство на француските инвеститори во Република Северна Македонија се малиот пазар, релативната политичка нестабилност и нереформираната администрација. Поради тоа во Скопје немаше трговско аташе и тој проблем се покриваше од Амбасадата во Софија, посочил францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на средба со петседателот на Стопанската комора Македонија Турција – МАТТО, Ајдован Адемоски.
Амбасадорот Тимоние, како што велат од МАТТО, на средбата што попладнево се одржала на негово барање, на која присуствувале и потпретседателите на МАТТО, Билал Суџубаши, генерален диеректор на ХАЛК банка во Скопје и Есер Џевахир, сопственик на ТУРМАК, информирал дека Амбасадата досега претежно се занимавала со политичката состојба во земјава, а помалку со економијата, но од неодамна, како што рекол, претседателот Макрон ги охрабрил француските државни институции и приватниот сектор да ги испитат можностите за стопанска соработка со Република Севрна Македонија.
– Претседателот Макрон и даде задача на Француската агенција за развој идната година да отвори канцеларија во Белград за регионот, со ангажман за реформа на администрацијата и нејзина автоматизација, како и во сферата на заштита на животната средина, транспортот и во секторот урбанизам. Ова канцеларијаа работи на принцип на донации и нискокаматни позајмици, посочил Тимоние.
Во наредниот период, како што додал, канцеларија во Белград ќе отвори и Агенцијата !Бизнис Франс“ од Атина, која им беше поддршка на француските компании за работа во регионот.
-За жал, банката „Сосиете Женерал“ се одлучи да се повлече поради малиот пазар, со што ќе се изгуби видливоста на францускиот интерес за стопанска соработка со Македонија. Моментално сме ангажирани за завршување на физибилити-студијата за изградба на колектор за отпадни води во Скопје, за чија изведба ќе се распише меѓународен повик. Дали француска компанија ќе го добие тендерот ќе видиме, но знаеме дека француската компаниата NGE ќе го поставува колекторот и ќе и требаат соработници, информирал Тимоние.
Адемоски, пак, изразил задоволство што Франција повеќе ќе се ангажира за унапредување на економската соработка со регионот и накратко ја претставил Комората.
-Неодамна со потпретседателите на Комората го посетивме претседателот Стево Пендаровски кој изјави дека доста беше политика и дека треба да се свртиме кон економијата. И претседателот Макрон со своите иницијативи и поддршката е на иста линија, но и претседателот на Турција Таип Ердоган инсистира да се зголеми економската соработка и билатералната трговска размена да достигне до една милијарда долари. Значи, треба да го искористиме тој ветер во грб и заеднички да делуваме, рекол Адемоски.
Предложил трилатерална средба на македонски, турски и француски компании, како и да се испита можноста за заеднички настап на трети пазари. Исто така, предложил соработка на Балканскиот универзитет со француските институции.
Потпретседателите на МАТТО Суџубаши и Џевахир понудиле консултантски услуги за француските компании и поддршка на бизнисот, како и на капацитите во градежниот сектор.
Во 2018 година вкупната трговска размена со Франција изнесуваше 140,3 милиони евра од кои 79.6 милиони се увоз од Франција, а 60,7 милиони извоз. Во периодот од 2002 до 2017 година во земјава влегле 710,8 милиони долари директни стански инвестиции од Франција.