Владата на Република Македонија продолжува искрено да ги гради мерките на доверба со Република Грција со цел достоинствено да се придонесе кон решенија на отворените прашања во интерес на граѓаните на двете земји.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, како што се наведува во соопштението, кое е објавено вчера на неговата веб страница е уверено дека целиот регион и двете земји се на вистинскиот пат на доброседство, кој ќе резултира со исполнување на евроатланските интеграции на Македонија, како и стабилност и економски развој на целиот регион.
– За жал се уште се случуваат изолирани инциденти како денешниот во Солун, предизвикани од поединци и групи кои се уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност, чии активности ги осудуваме како политики на омраза и нетрпение, се вели во вчерашното соопштението, објавено на сајтот на МНР.
Се додава дека мнозинството граѓани сакаат да развиваат блиски и пријателски односи со што придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји.