Напредокот во евроинтеграцијата на дневен ред на седница на Владата

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 49-тата седница на која ќе ја разгледа информацијата на најновата состојба и за напредокот на процесот за европска интеграција.

Пред министрите, како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница ќе се најде и Информацијата за активностите на Националниот Комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам поврзани со целите на Планот 3-6-9.

На денешната, 49-та седница на Владата на Република Македонија, ќе биде презентирана Информацијата за годиншната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2018 година.

Министерсвото за одбрана на седницата ќе информира за напредокот во процесот на изработка на Стратегиски одбранбен преглед, а Министерството за здравство ќе информира за текот и прогресот на активностите во врска со набавката на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар во повеќе јавни здравствени установи.

Владата на Република Македонија на денешната седница ќе ги разгледа и извештаите за годишното и финансиското работење на повеќе јавни претпријатија и комисии, како и предлог програмата за работа на Дирекцијата за заштита и спасување за 2018 година.