Општина Радовиш ја обнови соработката со збратимената општина од Турција

Делегација од Општина Радовиш предводена од градоначалникот Герасим Конзулов престојуваше во официјална посета на збратимената Општина Селчук, Република Турција, со која е обновена соработката воспоставена уште од времето на СФРЈ.

-Во рамки на посетата, делегацијата имаше официјален прием кај градо-началничката на Селчук, Филиз Черитоглу Шенгел каде обострано беше изразено задоволството од обновената соработка помеѓу двете општини со надеж дека во иднина ќе продолжи соработката на повеќе полиња од општественото живеење, инфoрмираат од Општина Радовиш.

Градоначалникот Конзулов и членовите на делегацијата го посетиле Здружението на иселеници од Радовиш и Конче, а оствариле средба и со иселеници кои живеат на улицата „Радовиш“ во општина Селчук.

Градоначалникот на Радовиш остварил посета и на пријателската општина Алиага, каде бил примен кај градоначалникот Серкан Ачар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *