Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ќе издвои 13,8 милиони денари з а Програмата за јавно осветлување годинава, од кои покрај 10 милиони денари за потрошена електирчна енергија за јавно осветлување, 3,8 милиони денари ќе бидат инвестирани за изградба, реконструкција и поставување дополнителен број светилки.
За Проектот за реконструкција на постојниот системза јавно советлување ќе бидат поторшени 1,6 милиони денари, а тоа ќе опфати замена на спостојниот тип светилки, кои се со живини сијалици со поставување нов тип – штедливи сијалици и неонски сијалици, а во централното градско подрачје поставување ЛЕД-светилки или светилки со ЛЕД-сијалици. Како што се наведува во Програмата, со реали зацијата на овој проект ќе се добие поквалитетно осветлување, помала потрошувачка на енергија и продолжен век на траење на осветлувањето.
На повеќе локации во градот ќе се изгради јавно осветлување, а тоа се дел од обиколницата кај магистралата А2, кај м.в Перална „Тоше“ спроти населба Бегови бавчи, дел од ул. „Пиринска“ кај поранешен Ловечки дом, во долот на населба Белево, село Конопница, кај повеќенаменскиот спортски терен, на пешачка патека „Висока зона лев брег“ .
Истовремено, предвидена е изградба на јавно осветлување и кај дел од обиколница кај Бегови бавчи до мост кај клучката на влезот во градот,спој на ул „Вардарска“ со А2 кај м.в Тополки и пешачка зона –зелен павар-Шанин мост, што истовремено се и родово сензитивна активност, бидејќи влијае директно на мобилноста на жените во овие реони од градот.
Покрај довршување на јавно осветлување и поставување дополнителен број светилки, за што с епланирани 200.000 денари, 600.000 денари ќе бидат инвестирани во тековно одржување на јавно осветлување и реконструкција на мерниот систем, што опфаќа и подобрување на услугата за јавно осветлување и, но и приклучување на ниви корисници на јавно осветлување и поставување нови мерни системи во селата Тлминци, Мождивњак и Кркља.