Сто триесет и пет подпроекти во вкупна вредност од 1,3 милијарди денари во руралните средини на 78 општини се реализирани преку проектот ЕУ ИПА грант за рурална инфраструктура.
Денеска, во Скопје ќе биде одржан завршен настан на проектот на кој обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска, амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар и директорот на Канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели.