Кампањата „Твоето незнаење чини живот” на Црвениот крст во Делчево

Со делење флаери со информативна содржина, Клубот на млади при Црвен крст Делчево денеска се вклучи во кампањата „Твоето незнаење чини живот”. Кампањата како што информираше волонтерот Михаела Маџова има за цел да се подигне свеста на граѓаните во делот на намалување на бројот на жртви при сообраќајни несреќи.

– Денеска на непосреден начин граѓаните на Делчеви имаа можност да се информираат за освежителни курсеви по прва помош. Основната цел на овие активности е да ја подигнеме јавната свест за значењето на првата помош. Акцијата ја спроведовме во централното градско подрачје и можам да кажам дека на наше огромно задоволство беше срдечно прифатена од граѓаните, истакна Маџова.

Претходно, Општинската организација на Црвен крст Делчево спроведе едукативни курсеви по прва помош со вработените во јавните институции во градот, како и со Територијалната противпожарна единица од Делчево.

Кампањата ќе трае до 15 септември, а ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст, и ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *