Османи во посета на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе го посети Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и ќе се сретне со директорот на оваа установа Скендер Асани.

На средбата, како што е најавено, Османи и Асани ќе разговараат за иницијативата за зачувување и изучување на наследството на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза.