Во организација на ИАБ Македонија, асоцијацијата која ги обединува интернет порталите, агенциите и огласувачите од земјава, вечер во Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема „Перспективи на развојот на дигиталниот пазар во Македонија“.
Ќе се дебатира на актуелни теми и предизвици поврзани со понатамошниот развој на македонскиот дигитален пазар, зголемување на интернет огласувањето, развојот на нови интерактивни формати на огласување, саморегулацијата на интернет медиумите, регистарот на онлајн портали што го прифаќаат Етичкиот кодекс на ИАБ и останатите аспекти во релацијата огласувачи-медиуми-институции.
Од панелот треба да произлезе акциски план како сите засегнати страни би се координирале во насока на дополнително унапредување на дигиталниот пазар и што е она што е потребно институциите да преземат за да го поддржат овој процес.