Народното собрание на Бугарија денеска едногласно го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија.
Договорот беше поддржан од сите параламентарни партии во Бугарија и на вчерашните седници на комисиите за надворешна политика и за европски прашања.
Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право. Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.
На 15. јануари македонскиот Парламент со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.