– Владата сака и ќе направи сѐ што може за да се реши прашањето со името на пЈРМ без да ги стави во опасност националните интереси, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос.
Во интервју за радиото „24/7“, јавува дописникот на МИА од Атина, тој објаснува дека преговорите не се фудбалски натпревар за да има победник или поразен.
-Сакаме решение во кое сите ќе бидеме победници, рече Ѕанакопулос.
Портпаролот на грчката влада, во интервјуто за радиото, ја повторува грчката позиција за сложено име за севкупна употреба.
Грчкиот весник „Етнос“, денес објави дека медијаторот Нимиц, доставил сет идеи и предлози на македонски и англиски јазик. Весникот, повикувајќи се на свои информации, тврди дека во сите предлози е вклучен терминот Македонија, а меѓу можните имиња, „Етнос“ ги објавува: „Novamacedonia“, „Uppermacedonia” и „Northern Macedonia”.