Извештајот за разрешувањето на Јанева доставен до Собранието

Во Собранието е доставен извештајот на Советот на јавните обвинители за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Новозибраниот претседател на Советот Ацо Колевски потврди дека уште во текот на вчерашниот ден до законодавниот дом бил испратен извештајот дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на Јанева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.

Според собраниската процедура, претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да ја закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.

Димовски вчера изјави дека штом го добие извештајот ќе пристапи под итно во насока на забрзување на постапката.

Евентуалната одлука на Собранието за разрешување на катица Јанева, согласно процедурата, повторно треба да се најде пред Советот на јавни обвинители.