Македонскиот репрезентативец од редовите на Вардар, Висар Муслиу, не е повеќе член на Вардар. Дваесет и тригодишниот стопер има договор со Вардар, меѓутоа аматерски, што значи дека во секој момент можеше да си замине од клубот.
Очигледно е дека Вардар не ги исполнил очекувањата на фудбалерот, па сега Муслиу може да бира каде ќе оди како слободен агент. За него се заинтересирани Академија Пушкаш од Унгарија и клубови од Кипар, но во последно време голем интерес за него има од актуелниот лидер на табелата во македонското првенство, Шкендија.