Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврди за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Тој не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
– Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени, вели Јовески. Тој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.
Јанева и Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.