ВМРО-ДПМНЕ: СДС си поигрува со судбините на вработените во „Фени“

Работниците во „Фени Индустри“ не ја добија октомвриската плата. СДС си поигрува со судбините на вработените од фабриката.

СДС ветуваше се и сешто. СДС ветуваше живот за сите граѓаните. Но граѓаните гледаат се само не живот.

Најавата дека се подготвени во „Фени Индустри“ да ги исклучат печките не ги поттикна надлежните да ги исплати платите на вработените во висина од околу 750.000 евра.

Владата на Зоран Заев воопшто не се грижи за иднината и егзистенцијата на овие семејства кои немаат земено плата. Заев и Анѓушев ги лажат вработените на секоја средба.

Нема ни П од плати, а ниту Т од трајно решение за овој гигант. Нема оправдување за ова што се случува на „Фени Индустри“ од тука зависи егзистенцијата на илјадници жители на Тиквешијата.

Срамно е ова што го прави СДС, партија која се декларира како Социјал Демократска, партија која наводно сака рамноправност во општеството.

Илјадници граѓани на Кавадарци ќе останат без парче леб и извор на егзистенција благодарение на неспособноста на владата на СДС.

Без тронка грижа за граѓаните СДС, мислејќи само бизнис интересите на нивните олигарси тие се спремни целосно да го обезвредат некогаш профитабилниот металуршки гигант.

СДС не смее да си поигрува со судбината на овие луѓе и нивните семејства. Дрските и безобразни лаги кои им ги сервира владата на СДС на вработените скапо ќе ја чини.