Беса предлага формирање комисија за реформи во правниот систем со учество и на претставници на ЕУ и САД

Северна Македонија е во економски и политички критичен момент. Посетите на меѓународните пријатели и нивните пораки до политичката елита во земјата јасно покажаа дека треба многу да се направи за да се забрзаат реформите во земјата. Фактот што сите пораки од високи функционери на Европската унија се во насока на судските реформи и судбината на Специјалното јавно обвинителство, докажува дека една од причините зошто Северна Македонија не го добила датумот во јуни оваа година е токму стагнацијата во судските реформи.

Дека во Северна Македонија има политизирано судство, партизирани судови, корумпирани обвинители и генерално непрофесионален правен систем, ова го потврдуваат сите извештаи на релевантни меѓународни институции, но подобро го потврдуваат и неодамнешните скандали што го вклучуваат и  Специјалното јавно обвинителство.

Оценувајќи го  реформскиот процес, а  со посебен акцент на законот за јавно обвинителство предложен од оваа Влада, и имајќи ги предвид нашите забелешки за суштината на законот за Јавно Обвинителство и правосудниот систем како целина, денес предлагаме иницијатива за да се формира  комисија за реформи во правниот систем од страна на Собранието или Претседателот на државата.

Во ова комисија да учествуват по еден претставник-експерт во областа на правото – правосудството од Европската унија и Соединетите Американски Држави, претставници од парламентарните политички партии кои излегоа на последните избори, експерти како и претставници од невладини организации кои имаат експертиза од правосудниот систем. Оваа комисија треба да има за задача да обезбеди професионални и ефикасни решенија за конечна реформа на правосудниот систем следен и од страна на САД и ЕУ.

Од предложените решенијана ова комисија треба да произлезе  процесотна ВЕТИНГ во правосудниот систем (судство и јавното обвинителство). Во процесот на ВЕТИНГ сметаме дека треба да се вклучат претставници на САД и ЕУ не само како наблудувачи туку и во процесот на носење одлуки.

Сите влади од осамосутвањето во своите агенди го имале како приоритет реформата во правосудниот систем и сите реформи завршуваат со уште покорумпирани и политизирани институции. Сметаме дека е време да се соочиме со реалноста и сучтински да ги вклучиме претставниците на САД и ЕУ во овој процес и да излеземе од ова перманентна криза и транзиција и вистински да чекориме во правец на евро интеграциите и вистински да ги примениме европските стандарди и вредности во нашиот систем.

Убедени сме дека нашата иницијатива за формирање на комисија за реформи во правосудството е повеќе од неопходна, а во моментов и најдобро решение за да се постигне сеопфатна цел за деполитизација на правниот систем во целина, професионализирање и зајакнување на владеењето на правото и почитување на законот подеднакво за сите без оглед на политичката позиција односно припадноста во одредена политичка партија, етничка група, верска заедница или друга општествена група.

Движење БЕСА