Педесетина планинари се искачија на седумте Рилски езера на Рила планина

Викендов во организација на Планинарско – спортскиот клуб „Калин Камен 2015” од Крива Паланка се одржа традиционалната, петта, планинарска акција за искачување на седумте Рилски езера на Рила планина во соседна Бугарија.
-Акцијата ја одржуваме петти пат по ред. Секоја година се спроведува во јули, а годинава имаме најголем број учесници, вкупно 48. Имавме гости, љубители на планината од Скопје, Велес, Пробиштип и Радовиш, меѓу нив и две деца на возраст од 10 и 12 години, кои успешно се искачија на Езерски врв, на надморска височина од 2.560 метри. Имавме време и можност да направиме пауза покрај секое езеро. На самиот врв направиме подолг одмор, а временските услови беа на наша страна, со сончево време и минимална облачност. Сите учесници беа задоволни со желба за повторно учество во некоја од следните акции, изјави Радмила Крстевска, претседател на ЗПЗП „Калин Камен 2015”.
Таа посочи дека како резултат на претходниот проект на здружението, со кој биле опфатени средношколците од СОУ “Ѓорче Петров”, во акцијата на седумте Рилски езера учествувале голем број средношколци од Крива Паланка.
-Им се заблагодарувам на сите учесници, особено на гимназијалците и во месец август не очекува  учесници за покажаниот интерес и им посакувам бројни успешни акции во иднина. Во месец август повторно не очекува планинарење на Рила, на највисокиот врв на Балканот, Мусала и на прекрасниот врв Вихрен, така што отсега упатуваме покана за дружба и уживање во планините, додаде Крстевска.