Лапити – Народ во Тесалија близу Олимп од Еолско Потекло – Дел 1

 

Лапитите, како потомци на Хиперборејците, народ населен на далечниот Север, на бреговите на Океанот, т.е. Дунав (Херодот, IV, 32 и понатаму), при својата преселба долж Морава и Вардар, ги понеле со себе и ги донеле во подножјето на Олимп и своите божества Посејдон и Аполон. Тоа го потврдуваат легендите и античките писатели. Според делфинската легенда, примарно седиште на богот Аполон бил Олимп и тесалиска Темпа.

********************

Храмот на богот Посејдон, кој според Хесоид (Theogonia, 453 и понатаму) ги поставил бедемите кои го опкружувале Тартар (Ѓердап), “бронзена врата” – Денес “железна капија”, бил пренесен од градот Петра, во областа Пиерија во Македонија.

Населби на Лапитите во Еолија биле : Атракс, Гиртон, Елатеја и Корона (северно од денешниот град Лариса).

Етнонимот на Лапитите потекнува од сложен збор, каде  Lapa значи рамница, стомак, па оттаму и современите називи во медицината лапа-ротомија и лапа-роскопија. Како и од зборот Iti, императив од eimi-да припаѓаш, што би значело народ од рамница. Топоним со ист корен постои во називот  на градот Лапово во Србија, во Моравската  Рамнина, што упатува на хипотезата за нивната прататковина, како и многу топоними во Хомоље под називот Петра, Петриш,Петрикша, Петрач, Петро-Град, Петрина карпа итн. Лапитите во митологијата се витешко племе, познато по јуначките борби со Кентаурите, сурови, влакнести суштества кои живееле во тешко пристапните шуми и планини Пелион, во Магнезиска Тесалија.

Родоначалник на Лапитите бил кралот Лапит, син на хиперборејскиот бог Аполон и нимфата Стилба, ќерка на богот Пенеј. Нивни деца биле Форбант и Перифант. Според Диодор (Diodor Sic.) (IV, 69) и Хомер (I,1, I, 266 и XII, 128), како браќа на Лапит се наведуваат уште Кентаур и Енеја, додека деца му биле Пртенија и Периерг.

Постариот син на кралот Лапит, Форбант, ја напуштил Тесалија и се населил на островот Род кој бил загрозуван од бројни отровни змии. Откако го ослободил островот од отровниците, формирал колонија од свои земјаци и станал крал на Род. Со Хирмина Форбант имал двајца синови, Актор и Авгеј. Меѓутоа, според едно друго предание од Пелопонез, Форбант од Тесалија преминал во Алида, каде му помогнал на елидскиот крал Алектор во борбата против Пелоп од Фригија. Во знак на благодарност Алектор со Форбант го поделил кралството, кое по смртта на Форбант го населиле неговите синови и ја поделиле власта над Елида.

Вториот син на кралот Лапид, Перифанд станал крал на Атина. Тој бил познат по праведноста и по својата побожност кон хиперборејскиот бог на Сонцето, Аполон, кому му подигнал многубројни светилишта. Заради исклучителната побожност, а според легендата, Зевс кралот Перифант, по смртта, го претворил во орел, кој оттогаш се смета за крал на сите птици, а престојувал покрај неговиот престол и го чува неговиот скипар (жезло).

Покрај сите, како прочуени владари на Лапитите се споменуваат уште и: Иксион, Хипсеј, Пиритој, Полипет, Леонтеј, Елат, Каинеј, Корон и др.

Кралот на Лапитите Иксион бил внук на Перифант, син на Антион и брат на Флегиј. Бил оженет со Дија, ќерка на кралот на Фокида Деонеј, а брат на Кретеј и Магнет. Според Пиндар (Pithya, II,39),пред да ја побара Дија, Иксион на својот иден дедо му ветил големи дарови.Кога подоцна Дејонеј ги побарал, зетот го намамил во својот дом и го фрлил во јама исполнета со зажарен јаглен.

По овој гнасен злочин Иксион полудел и никој од боговите и од луѓето не сакал да го ослободи од гревот. Единствено Зевс се сожалил на неговите страдања и не само што му го простил убиството, туку му подарил бесмртност и му дозволил да присуствува на гозбите на боговите.

Во меѓувреме, Иксион ја посакал љубовта на божицата Хера, Зевсовата жена и се осмелил да ја силува жената на својот доброчинител, обесчествувајќи го нејзиниот лажен лик од облак (Nefele). Од оваа врска е роден кентаурот Хирон, татко на сите кентаури. Децата на ова чудовиште, со магнезиските кобили, го наследиле горниот дел на телото од таткото, а долниот од мајката. Заради оваа дрскост Зевс го казнил Иксион. Го распнал на запалено тркало кое постојано се вртело во воздух околу Земјата.

Судбината на Иксион ја обработувале Еврипид и Ескил во нивните трагедии. Синот на Искион, Пиритој, бил крал на Лапитите од Магнезија, на устието на реката Пенеј. Постои легенда дека тој бил син на Зевс и жената на Иксион Дија. За тоа Хомер (II. XIV, 317) кажува: “Ниту кога ја љубев жената на Искион, која го роди Пиритој, на боговите рамен…”

На денот на венчавката на Пиритој со ќерката на Бут, Хиподамија, кентаурот Евритон, опиен од вино, се обидел да ја силува невестата. Неговиот пример го следеле и другите кентаури кои ги нападнале присутните лаписки жени. Овој настан предизвикал војна меѓу Лапитите и кентаурите која траела една година. На денот на победата на Лапитите, Хиподамија на кралот Пиритој му го родила синот Полипет. По татковата смрт Полипет станал крал на Лапитите.

Кога пламнала Тројанската војна, заедно со својот пријател Леонтиј тргнале со четириесет воени бродови кон бреговите на Тројада (Homer, I,1, II, 740). На бојното поле Полипет се истакнувал со големо јунаштво.

Со останатите елински борци се нашол во дрвениот коњ, а по разурнувањето на Троја се вратил во родниот крај. Братот на Иксион, Флегиј, е херој на воинственото лаписко  племе Флегијци (Пожаревљани) и татко на мајката на Асклепеј, Коронида. Тој е основач на градот Флегиј во Беотија, а се споменува и како владател на минијскиот град Орхомен. Воинствено расположен, Флегиј ја ограбувал стоката и жетвата од своите соседи се’ до коринтската превлака. Во близина на  Епидаур на Пелопонез, неговата ќерка Коронида му родила син, Асклепиј, идниот бог со лекарска вештина. Пиндар (Pyth. III) наведува дека врската меѓу Коронида и Аполон се случила во Тесалија, па богот Асклепиј бил роден во Трика (Трикала).

Страбон (IX, 5, 21 и XIX, I, 40) кажува дека Коронида живеела на брегот на Бебеитското Езеро во Тесалија, каде имала обичај да ги мие своите нозе и каде подоцна богот Аполон станал нејзин љубовник. Што се однесува до Флегијците, се раскажувало дека тие го ограбиле и запалиле светилиштето во Делфи. Заради тоа, Аполон сите Флегијци ги фрлил во Тартар (Ѓердап). Таму Флегиј, со најголемите криминалци, ги плаќал своите гравови, трпел глад и страв, зашто над неговата глава се наоѓала карпа која секој миг можела да падне.

Вонбрачен син на Искион со Нефела бил прочуениот крал на кентаурите Хирон, иако според Пиндар (Pyth.III,45) тој бил син на титанот Крон и окенаидата Филира, ќерка на Тетија. Од другите кентаури се разликувал по добрината, благоста, правилноста, побожноста и длабоката мудрост. Хирон живеел во пештера на тесалиската планина Пелион. Бил учител и воспитувач на многу херои, па дури и на богови. Ги учел на мудрост, морал, витештво, лекарски вештини и ловење, па како таков имал значајна улога. Хомер (I, 1, XI, 832) го споменува како учител на Ахил, а Пиндар (Pyth. III, 45) и како учител на Пелеј, Асклепиј и Јасонов.

Хирон го прифатил тукушто родениот Херакле и му бил воспитувач, пријател и учител. Подоцна, кога ги прогонувал дивите кентаури, Херакле случајно со стрела го погодил својот учител. Хирон, кој бил способен да излечи секаква рана, но не можел да ја исцели својата, се повлекол во пештерата и, изморен од страдањата, му упатил молба на Зевс да умре наместо Прометеј. Боговите го пренеле праведниот Хирон на небото, во соsвездието на кентаурите. Нимфата Харикло, ќерка на Аполон, му родила на Хирон син Каристо и две ќерки.

Следен крал на Лапитите бил прочуениот Кенеј, син на кралот Елат во истоимениот град во Тесалија, а внук на Атракс. Кенеј се одликувал со исклучителна сила, а посебно се истакнал во борбите на Лапитите со кентаурите на свадбата на Пиритој. Во митологијата тој е познат и по тоа што учествувал во ловот на Калиндонскиот вепар и во походот на Аргонаутите.

Синот на кралот Кенеј бил Корон, епонимен херој и крал на истоимениот град во Пегаситскиот Залив. Корон учествувал во походот на Аргонаутите и војувал против дворскиот крал Егимија, син на Дор, првите Хелени во Тесалија. Егимија владеел со Дорците населени околу планината Ета или долината Пенеј. Кога на Егимија му се заканила опасност од лапитскиот крал Корон, го повикал на помош Херакле и му ветил третина од својата земја. Херакле го убил Корон и ги растерал Лапитите, а ветениот дел од земјата му припаднал на Хераклеовиот син Хил, кој подоцна, при освојувањето на Пелопонез бил убиен во двобој од Тегеачанинот Ехем.

Коронов син бил Андремон, крал и митски основач на градот Амфиса во Фокида (Паусанија, X, 38, 5). Бил оженет со Горга, ќерка на калидонскиот крал Енеј, кој бил познат по својата гостољубивост. Горга била сестра на Дејанира која, пак, станала сопруга на Херакле.

Андремоновиот син Тоант бил водач на Етолците во Тројанската војна со четириесет лаѓи ( Хомер,I, 1, II, 638). Во оваа војна Тоант се истакнал со своето јунаштво и речитост. Од војната среќно се вратил дома. Кога Одисеј морал да ја напушти Итака, според одлуката на Неоптоломеј, тој нашол прибежиште кај кралот Тоант. Таму Одисеј се оженил со неговата ќерка, која го родила неговиот син Леонтофон. По десет години, во длабока старост, Одисеј умрел во дворецот на Тоант.

Академик  А.Шкокљев и Славе Катин

Продолжува …