Тетовските планинари се вратија од највисоките врвови на Словенија и Австрија

Планинарите од тетовскиот клуб „Љуботен“ успешно ја завршија намерата да се искачат на највисоките врвови во Словенија и Австрија. Сите кои тргнаа на походот во петокот, се вратија дома во Тетово во средата навечер. Искачените беа Триглав и Глосглокнер.

-Екипа од 17 планинари успеа да се искачи на Триглав на 2864 метри надморска височина и тоа за само еден еден. Во саботата на 20 јули се качивме на 2500 метри со намера таму да се преспие во домот Кредарица но се одлучивме и продолживме кон Триглав. Искачувањето траеше 8 часа, изјави Владимир Златковски, кој заедно со Јованче Даниловски беа организатори на исполнуавњето на годишната програма за искачување на врв надвор од Македонија.

Во понеделникот 22 јули 14 планинари од ПК „Љуботен“ се искачија и на Гросклокнер во Австрија.

-Во неделата стигнавме во домот Штуделхуте на 2800 висина каде ноќевавме и следниот ден понеделник во 5 часот наутро тргнавме на искачување на највисокиот врв во Австрија, Гросглокнер 3798 метри.  14 члена се искачија под водство бидат искусните алпинисти Надир Мурсели од ПК Љуботен и Зоран Мајсторски од Радовиш. Искачувањето траеше 10 часа, рече Златковски.

Планинарите беа во посета на Планинскиот музеј на Словенија во Љубљана. Со музејот е предвидено да се соработува за заеднички проект и изложба.