Побрзо да се дојде до решение за законот за јавно обвинителство, апелира Хан

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан  денеска апелираше до политичките партии што побрзо да дојдат до решение за законот за јавно обвинителство.

-Ги поттикнувам сите политички партии што побрзо да дојдат до решение. За нас има само неколку црвени линии, а најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да биде гарантирано. Ние така го гледаме владеењерто на правото, истакна Хан одговарајќи на новинарско прашање на прес – конференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев.

Судскиот систем, како што посочи еврокомесарот Хан, мора да рабори според правилата и тоа мора да го почитуваат сите.

Премиерот Заев  рече дека со еврокомесарот Хан споделиле искрени очекувања дека благодарение на процес што ги става и двете условни страни, и власта  и опозицијата како победници, до крајот на овој месец да се постигне политички концензус, а на крајот на август почеток на септември да се изгласа законот за јавно обвинителство. Посебно имајќи предвид дека се работи за иднината на нашата земја, за стратешка цел, зад која сите официјално стоиме и се бориме, а тоа е конечно после 15 години да добиеме датум за почеток на преговори, додаде Заев.

– Очекуваме во октомври врз основа на извештајот од Европската Унија, поради техничкиот аспект  што беше одложена одлуката од јуни за октомври конечно во октомври да ја добиеме позитивната одлука. Но, притоа не сакаме да станеме било каков аргумент за било која од земјите, заради тоа што се уште не е завршено гласањето за законбот за јавно обвинителство. Но уште поважно зарди граѓаните, заради земјата дека треба да го завршиме гласањето на законот за јавното обвинителсто, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Премиерот рече дека со Хан споделиле информации дека опозицијата ја потврдила својата поента во преговарачкиот процес, односно успеала да ја убедат власта дека треба  да се спојат обвинителствата, што е прифатено.

-Има јасни легални клаузули за 30 јуни 2017 година и употребата на прислушуваните разговори. Еднаквоста и принципиелноста во континуитет на сите јавни обвинители во државата и изедначеност на јавните обвинители во новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Така да опозицијата е вградена во овој закон и верувам дека имаме видлива ситуација која на крајот ќе им служи чесно на граѓаните, каде што политичарите се надвор од процесот на одлучување за иднината на предметите, за правните аспекти и оставено е целосно на јавно обвинителскиот систем, како и на судството да ги носат одлуките, истакна Заев.