Битолската градоначалничка учествуваше на манифестацијата „Дипломатија на градовите“ во САД

На покана на Стејт департментот и Амбасадата на САД во земјава, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска деновиве учествуваше на меѓународен настан во рамки на програмата „Дипломатија на градовите“ .

По враќањето во Битола, денеска на прес-конференција Петровска ја оцени посетата во САД како успешна и значајна за локалната самоуправа.

– За време на престојот во САД остварив средби со градоначалници од повеќе држави во светот, зборувавме за локални политики и создадовме простор за идна соработка, истакна Петровска.