Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да покажат одговорност пред граѓаните и државата и да гласаат за Предлог Законот за јавно обвинителство кој денеска влегува во собраниска процедура е значаен за реформите, правдата и државата.
Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и е беше прифатено.
Со тоа СДСМ покажа конструктивност и одговорност.
Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на политичарите.
Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог законот предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.
Борбата против криминалот не смее да познава политички бои.
Секој за кој во постапка ќе се утврди дека работел спротивно на законските мора да одговара. Владеењето на правото мора да биде независно и неселективно.