Владеење на правото, борба против корупцијата, борба за елиминација на сивата економија и зајакнување на економската дипломатија се трите клучни приоритети на деловната заедница кои ќе бидат презентирани денеска во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на работна средба на претседателот на дражавата Стево Пендаровски со претседателот на Комората, Данела Арсовска, претседателството и членови на Управниот одбор.
Како што соопштија од ССК, дополнително на средбата ќе се дискутира за унапредување на јавно – приватниот дијалог, а во фокусот на средбата ќе биде и презентација на ингеренциите на претседателот во делот на економските политики.