Фирмата „Костреж 2018“ од селото Николич е новиот концесионер на Дојранското езеро кој во иднина ќе се грижи за организирање и спроведување на стопанскиот, спортскиот и рекреативниот риболов на езерото, соопштија од Општината Дојран.
– Како големи поддржувачи на спортскиот риболов ќе се трудиме секогаш да бидеме во функција и достапни за сите риболовци, да им обезбедиме подобри услови за риболов од досегашните на Дојранското езеро и од наша страна да бидат доследно испочитувани од почеток до крај, велат од фирмата концесионер.
Веќе од утре, 20 јули, новиот концесионер најави дека ќе почне и со издавањето на риболовните дозволи кои за еден ден ќе чинат 250 денари, а за период од една година по 2.500 денари.