Општина Новаци почна со асфалтирање на патниот правец од селото Скочивир до река Коњарка каде се наоѓа истоименото излетничко место.
Станува збор за инфраструктурен проект, пат во должина од 3 километри, финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ, истакна градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.
-Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај, придонесуваме за зголемување на квалитетот на живот на локалното население, а воедно ја зголемуваме и туристичката понуда бидејќи овој крај располага со бројни културно-историски споменици кои датираат од Прва светска војна, посочи Кузманоски.
Со асфалтирање на патот до излетничкото место на река Коњарка се очекува зголемување на посетеноста, а наскоро тоа први ќе го направат претставници од Делегација на ЕУ, информираа од тамошната локална самоуправа.