Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ги одби жалбите за притвор на Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Како што соопшти Кривичен суд, постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15 јули 2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен
суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост.
Кривичниот суд на 15-ти овој месец го прифати предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и им определи 30 дневен притвор на двајцата осомничени.