П1: Ќе се оградите ли вие од Катица Јанева со оглед на тоа што таа е и ваш член? На 31 јули 2015 година уплатила верификација на членство, 400 денари преку Еуростандард Банка. Кога зборувате за криминалот, ќе се оградите ли вие од луѓе кои се користеле со рекет?
Од она што можевме да го слушнеме од Јавното Обвинителство дека за обвинителот не е отворена постапка. Имаме отворена постапка и е одредена мерка притвор од 30 дена за две лица, кое што заради заштита на пресумпцијата на невиност и самото обвинителство, јавното обвинителство и сите политички чинители не спомнуваа ниту имиња, ниту презимиња.Во таа смисла ние ги охрабруваме надлежните институции темелно да расчистат и да го расветлат случајот и апсолутно наш принципиелен став, на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е дека сите, без исклучок сме еднакви пред законите.Нека го расветлат случајот, доколку се утврди одговорност, од било кого за овој случај, но и за сите други случаи, одговорност мора да има. Само на тој начин, ќе ја вратиме правдата и ќе имаме правна држава.Ќе повторам, без исклучок, правдата, правната држава немаат ниту име, ниту презиме.Станува збор за систем. Токму тој систем, токму отварањето на овој случај од страна на обвинителството е доказ дека системот функционира, дека системот е неселективен.Тоа може да ни гарантира нам и секако и најважно, на граѓаните на Република Северна Македонија дека правда и правичност има и ќе има.
П2: Опозицијата го нарече овој случај ‘Oктопод’ и смета дека дел од пипците зафаќаат и во редовите на ваши високи функционери и дел од медиумите веќе пишуваат, дури и именуваат двајца пратеници дека се вовлечени во овој случај. Дали вие во партијата превземате нешто, имате такви сознанија, ќе се обидете да расчистите, институционалниот начин е едниот, најважниот, но дали во партијата правите нешто?
Се додека во постапка не се докаже одговорност на одредени индивиду, ние нема да превземеме. Во случај, да во транспарентна постапка се утврди одговорност од било кој, макар тоа било дел, член на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, секако како одговорна политичка партија, ќе се оградиме и ќе превземеме мерки, согласно Статутот на СДСМ. Од друга страна, кога зборуваме за октоподи, ред би било и Христијан Мицкоски да одговори за криминалниот октопод, за кој се отворени поприлично голем број судски постапки. Зошто тој не се огради од криминалниот октопод на ВМРО-ДПМНЕ. Дали не се оградува од причина што можеби и самиот тој е дел од тој октопод.
П3: Дали има смисла да се одржи лидерска средба без Мицкоски?
Секако, кога станува збор за реформите, за интересот на граѓаните на Република Северна Македонија, за интересот на државата, ние сме спремни и разговараме и мислиме дека треба да има лидерска средба. Од друга страна, ја гледаме опозицијата преку нивниот Христијан Мицкоски како се обидува на секој можен начин со неговото деструктивно дејствување да ги закочи процесите и реформите во Република Северна Македонија. Како што кажав и во изјавата, Република Северна Македонија ќе успее, напредокот на Република Северна Македонија ќе продолжи и прогресира, со Христијан Мицкоски или без него.
П4: Кога велите блокадите на Мицкоски нема да успеат, дали тоа подразбира дека од останатите пратенички групи во Собранието имате поддршка за јавното обвинителство?
Не би шпекулирал ништо, што е надвор од рамките на Собранието на Република Северна Македонија. Постојат работни групи од страна на партиите кои што разговараат во однос на Законот за Јавно Обвинителство. Сите одговорни политичари треба да знаат и да ја разберат потребата од донесувањето на Законот за Јавно Обвинителство. Знаеме дека тоа е во согласнот со реформите и за подобрување на правосудниот систем во државата и секако треба да се охрабриме, да излеземе над политичките интереси и нормално со консензус да го поддржиме Законот за Јавно Обвинителство. Гледаме, дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во обид да ги амнестира криминалците кои сеуште им егзистираат во највисокото раководство на партијата. Нема напредок во однос на разговорите.