Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технололошко индустриски развојни зони Александар Младеновски, денеска ќе го посетат производствениот погон на компанијата Костал во Охрид.
Анѓушев и Младеновски притоа ќе имаат средба со извршниот директор на Леополд Костал, Каи Кникман и потпретседателот на Леополд Костал, Кристофер Сандерс, а на состанокот ќе присуствуваат и амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски.
По средбата, како што соопшти владината прес-служба, ќе биде извршена и обиколка на производатвениот капацитет на Костал.