Слаб интерес за берење шумски плодови и лековити растенија во кавадаречко

Слаб интерес за берење шумски плодови и лековити растенија во кавадаречко. Во првата половина од 2019 година, подружницата на „Македонски шуми“ издала само пет дозволи, на кои важноста им е до крајот на годината.

-Истиот период лани имавме издадено 23, а пред четири години, беа регистрирани 67 дозволи. Цената на еден таков документ изнесува само 400 денари, сума која многу брзо се враќа, со оглед на тоа што планината Кожуф е богата со лековити растенија, чаеви, шумски плодови како на пример боровинки и слично, за МИА изјави Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата „Бор“.

Тој не сакаше да навлегува во причините за слабиот интерес за берба на лековити растенија и шумски плодови, изразувајќи надеж дека во иднина ќе расте бројот на заинтересирани, што ќе сакаат да се дружат со природата и да уживаат во нејзините богатства.