Шефот на турската дипломатија во официјална посета на Скопје

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска и утре ќе претстојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија Никола Димитров, како и со други официјални претставници.

На средбите ќе се разговара за билатералните односи, за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за регионални прашања.

Посетата на Чавушоглу следува по минатонделната ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО во турското Собрание, со што Турција стана 20-та земја која даде зелено светло за приклучување на земјава во Алијансата.