Во Штип денеска се одбележуваат 75 години од загинувањето на Вера Циривири Трена. Таа на денешен ден 1944 била убиена во Штип. По тој повод пред нејзината спомен биста делегации нa Општина Штип, ОО на Сојузот на борци-Штип, политички партии и претставници на државни и локални институции полoжија свежо цвеќе.
Претседателот на ОО на Сојузот на борци-Штип Петар Мицевски истакна дека за време на окупацијата Вера Циривири важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа НОВ постојано и доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот.
–Во куќата на Поп Јорданови, Вера Циривири Трена се најде опколена од бугарската полиција, и во обид да го прескокне ѕидот на соседот, куќата на Риеви, смрттно беше погодена од непријателските куршуми, рече Мицевски.
Иако била една од ретките жени борци за време на Втората светска војна, сепак Вера Циривири – Трена не е прогласена за народен херој.