Полковникот Методи Хаџи-Јанев, со Указ на претседателот Ѓорге Иванов е унапреден во чин бригаден генерал и назначен за аѓутант на Врховениот командант на вооружените сили на РМ.
Како што е објавено во Службен весник на РМ од 14 декември 2017 година, претседателот Иванов со Указ од 4 декември истата година го разрешил бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски од должноста аѓутант на Врховниот командант и на негово место го назначил Хаџи-Јанев, кој од август 2015 година е воен аташе во Вашингтон, САД.
Воената кариера ја минува како офицер на специјалните сили и е ветеран од глобалната војна против тероризмот. Тој служеше како командант на првиот контингент на македонските специјални сили во мисијата Слобода за Ирак. Неговата обемна обука во борбата против тероризмот и неговото искуство во Ирак беа клучни за неговото назначување како висок офицер одговорен за обуката при распоредувањето на македонските специјални сили во Авганистан.