Писмена реакција за ставот на Екатерина Захариева за Гоце Делчев

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР! ТОА ШТО БУГАРИТЕ НАЈЧЕСТО БИЛЕ НА ПОГРЕШНАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА, ТОА Е НИВЕН ПРОБЛЕМ! 

 

Секојдневно се потврдува дека негацијата и оспорувањето на Македонскиот идентитет е официјална политика. Ставовите на Борисов, Захариева и Каракачанов се – или ќе признаете дека Гоце Делчев е Бугарин или нема ЕУ. Тоа е вистината. Секој кој мисли поинаку, опасно се залажува. 

 

НЕ ПОСТОИ ПОГОЛЕМО НАЦИОНАЛНО ПОНИЖУВАЊЕ КОГА СТАВОТ НА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е ПОЗДРАВЕН ОД БУГАРСКИТЕ НЕГАТОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ!

 

Македонската Алијанса одамна предупредува дека Грција и Бугарија никогаш нема да се откажат од своите позиции дека Македонската нација е вештачка творба на Тито формирана во 1944 година. Со таквите идиотски тврдења ја бранат историската неправда која и е нанесена на Македонија со Букурешкиот Договор во 1913. Немакедонската Влада ќе сноси тешка политичка одговорност за предавствата кои ги направи а кои предизвикуваат тешки последици. 

 

ДАЛИ ЗАЕВ МУ ВЕТИЛ НА БОРИСОВ ДЕКА И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ ГО ДЕЛИМЕ ИСТО КАКО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И КИРИЛ И МЕТОДИЈ? И ТОЈ НАЦИОНАЛЕН СРАМ ЌЕ ГО ГОЛТА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! И ХИМНАТА ЛИ ЌЕ ЈА МЕНУВА? И НА СПОМЕНИЦИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ ИМ СТАВА ПЛОЧКИ? СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е!

 

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА УШТЕ ЕДНАШ ПОВИКУВА НА ОДЛУЧЕН ОДГОВОР НА БУГАРСКИОТ ИРЕДЕНТИЗАМ.  МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ЕДНОСТРАНО ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ПРЕКУ АКТИВИРАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 13, ТОЧКА 3. ТОА ТРЕБА ДА БИДЕ ВОВЕД ВО ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА И ВРАЌЕЊЕ НА СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА