Захариева: Гоце Делчев треба да нѐ обединува, а не да нѐ разделува

 Гоце Делчев е заедничка историска личност за Северна Македонија и Бугарија и не треба да ги разделува двете земји, вели министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за БНТ.

Таа посочува дека не гледа зошто толку двете држави се караат за Гоце Делчев, зашто оваа личност треба да ги обединува двете земји.

-Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува. Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија. Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува, вели Захариева.