Делегација од Националниот народен конгрес на НР Кина во посета на Собранието

Делегација за социјални развојни работи од Комисијата на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина денеска ќе престојува во официјална посета на Собранието на Република Северна Македонија.

Кинеската делегација, како што информира собраниската прес-служба,  ќе биде примена од претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе има средба и со Весна Пемова, потпретседателка на Комисијата за труд и социјална политика, и со членовите на ова тело.