Се гради резорвоар за водоснабдување на Индустустриската зона Мамутчево

Во велешкото село Мамутчево се гради резервоар за водоснабдување на Индустриската зона „Мамутчево“ што е еден од главните предуслови да профункционира Индустриската зона Мамутчево од која бенифит ќе имаат Општина Велес и Општина Лозoво.

Резервоарот за водоснабдување е вреден 8 милиони и 702 илјади денари, од кој најголем дел околу 7 милиони денари финансира Министeрството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а остатокот од еден милион и 750 илјади денари од буџетот на Општина Велес.

Во втората фаза ќе се гради цевковод вреден 12 милиони и 625 илјади денари од кои 7 милиони 157 илјади денари се обезбедени од Министeрството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а со кој проект резервоарот за вода  ќе се поврзе со Индустриската зона Мамутчево. Изградбата на резервоарот за вода и цевководот е еден од главните предуслови за профукнционирање на ИЗ Мамутчево

Увид во изведбата на градежните работи на резервоарот за вода во село Мамутчево од страна на Фирмата „Делта пром“ Велес, денеска направија новиот министер за локална самоуправа Горан Милевски на кого оваа му беше прва теренска посета, и  велешкиот градначалник Аце Коцевски.

Коцевски информира дека ИЗ Мамутчево се распростира на 44 хекари на кои има десет парцели од кои три веќе се продадени.

-Верувам дека во наредниот перод многу домашни и странски инвеститори ќе ја препознаат оваа Индустриска  зона како добра дестинација и инвестирање и со тоа ќе се забрза економскиот развој во земјата,потенцира Коцевски.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски појасни дека се финансираат вакви проекти преку Планските региони во соработка со општините, а министеството црпи средства и преку ИПАРД програмата како и разни донатори како Швајцарска Амбасада, ЕУ, УНДП и други.

-Ние не можеме да ги реализираме овие проекти ако ја немаме подршката од самите општини. Така и во овој проект ние заедно со Бирото за регионален развој и Општина Велес придонесуваме да се придвижи економскиот развој на Велес. Важно е бидејќи ако оваа индустриската зона се стави во функција тогаш и инвеститорите ќе бидат  заинтересиран за градење на неа, а со тоа и ќе се зголеми бројот на вработувања во Велес, потенцира Милевски.

Тој појасни дека општините освен за културни и образовни институции имаат ингеренции и за инфраструктурни проекти и можат да  дадат свој удел за економскиот развој на градовите.

-Општина Велес во таа насока дава убав пример и се надеваме дека и сите други општини ќе најдат разбирање и ќе се вклучат да кофинансираат проекти на нашето министерство преку планските региони, потенцира Милевски.

Инаку од фирмата „Делта пром“ информираат дека цеквоводот за водоснабдување треба да биде  готов до крајот на месецов, по што ќе се премине на втората фаза, односно на  изградба на цевководот.