Пендаровски ја потпиша уредбата за преименување на АРМ во АРСМ

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија.

Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.

– Името на Армијата е Армија на Република Северна Македонија и тоа од вчера има правна основа односно е на правен начин уредено од моја страна, изјави претседателот Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски на припадниците на Армијата на нашата јужна граница.