ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски мора веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

Од ден на ден растат криминалните скандали во Владата на Зоран Заев.

СДСМ стана синоним за криминал,корупција, закани кон опозиција, закани кон новинари и секој што размислува различно од нив.

СДСМ криминална залудно се обидува да одбрани нешто што не може да се одбрани, Драги Рашковски е фатен во скандал тежок 7 милиони евра и за тоа мора да одговора.

Рашковски мора да си поднесе веднаш неотповиклива оставка, а доколку Македонија беше правна држава во која владее правото до сега Рашковски ќе беше изнесен пред органите на правдата и ќе одговараше.

Во Македонија ќе се врати правдата. Законите мора да важат подеднакво за сите. Секој што сега се огрешил пред правдата еден ден ќе мора да одговара.